(Видео) Крајевски: Буџетот може да се полни со прогресивно даночење

jovan

ЈОВАН КРАЈЕВСКИ, член на Президиумот на Левица за предлог-буџетот.

„Може да се интервенира во делот од каде се полни државниот буџет. Не мора само да се задолжуваме. Може да почнеме да размислуваме за прогресивни даноци, посебно на големите компании коишто прават енормни профити.

Оние десет фирми коишто прават највеќе профит во Р. Македонија во една година прават триста милиони евра и тука не ни спаѓаат банките, кои пак за девет месеци, три банки го прават скоро истиот профит, а сите плаќаат 10% данок, колку и една мала продавничка која годишно можеби има профит од едвај 2-3.000 евра.

Финансиската моќ релативно се поставува. Ако јас имам десет милиони, а вие еден милион, јас сум десет пати финансиски помоќен од вас. После десет посто даночење, јас ќе имам девет милиони, а вие деветсто илјади – јас пак сум десет пати помоќен. Со рамно даночење, остануваме исто. Затоа е потребно прогресивно даночење.

Не може да го оставиме приватниот сектор да си тера како што тера, а притоа да се надеваме дека само по себе човештвото ќе се подобри, дека Републиката ќе се подобри. На овој сектор, единствен мотив му е профит.

Мерките на владата се краткорочни и не дадоа никаков ефект.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ