Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

На Клиниката за онкологија недостаток од терапија – надлежните институции молчат

Владата на СДС и ДУИ, министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива, како и кадрите кои управуваат со здравствените институции намерно го саботираат јавното здравство и ја попречуваат здраствената грижа на граѓаните!

По низата контроверзни случувања околу Kлиниката за онкологија која е во долг од 12 милиони евра, продолжува континуираниот недостаток на лекот Херцептин, кој се користи за пациентите кои се справуваат со болеста наречена канцер.

Граѓански здруженија долго време се обраќаат до Фондот за здравствена заштита, Министерството за здравство, како и до директорите на Клиниката за онкологија – меѓутоа, овие три институции се апсолутно глуви и слепи кон барањата нa здруженијата.

Сеуште немa одговор зошто лекот не е достапен за болните и зошто тие мораат сами да го набават. Едномесечната доза на овој препарат чини 2 000 евра!

Маргинализирани, пациентите страдаат поради негрижата на директорот на ФЗОМ, Mинистерот за здравство и последователните раководства на Клиниката за онкологија. Нарачката на лековите не смее да има дисконтинуитет и количините траба да се планираат и нарачуваат со месеци однапред.

Секој граѓанин на Република Македонија мора да ја добие на време неопходната терапија!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА 

24 ноември, 2022

Најнови објави