Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Зголемен профитот на ЈПДП откако власта го одби предлогот на Левица за намалување на патарините

Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 12 милиони евра, односно 13.6% повеќе споредбено со истиот период од минатата година.

Дополнително, во однос на минатата година зголемен е и приходот од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата за 3.48%.

Пратениците од Левица во март месец поднесоа анти-кризен закон за олеснување на ефектите од економската криза, односно предложија намалување на цените на патарините за 50 отсто и одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.

Но, ваквиот Предлог-закон беше одбиен од страна на 57 пратеници на корумпираните СДС и ДУИ.

Иако приходите кои ги остварува ЈПДП треба да се користат за реконструкција на патиштата, одржување на инфраструктурата и патната сигнализација, ситуацијата на терен е: катастрофални патишта со кратери, несоодветни сигнализации, незавршени реконструкции и изградби на нови патишта, како и патишта опасни по безбедноста на граѓаните.

Патарините треба да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните и нивната економска моќ. Недозволиво и крајно брутално е во ек на голема економска криза, која најсилно удира по џебот на граѓаните, да се дозволува профитирање на нивна штета и дополнително отежнување на нивната состојба со необјасниво најскапи патарини во регионот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

23.11.2022г.

Најнови објави