Владата ретерира од антифашистичкиот порив на македонскиот народ

316134853_709634920519575_8167786194526785567_n

Отварањето на бугарските клубови именувани по фашистички дејци основани со цел да ги рехабилитираат и глорифицираат бугарските фашисти од Втората светска војна, кои ја окупираа Македонија и извршија бројни злодела врз македонскиот народ – е директна последица на „Договорот за доборсоседство“ на Зоран Заев.

Денес, и покрај тоа што беше донесен закон согласно кој бугарските клубови кои нема да ги променат спорните имиња, ќе бидат избришани од Централниот регистар – и понатаму нема сигнал за такво случување.

Македонскиот народ не може да ги заборави злоделата на фашистичкиот окупатор и не може да дозволи величење на фашизмот! Нападите на овие клубови не се иницијалната каписла за проблем, туку напротив, тие се реакција на проблем кој некој друг го наметнува!

Осудите од страна на Пендаровски и Османи врз обичниот македонски човек чии предци ги дадоа животите во борбата со фашистичкиот окупатор, се со цел за квислиншката врхушка да се допадне на негаторите на Македонија и странските амбасади – антимакедонски и антидржавен чин!

Левица инсистира на итно спроведување на неодамна изгласаниот Законот за здуженија и фондации, да се изврши промена на имињата на клубовите именувани по фашистички дејци и државници, и бара Резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот која ја поднесовме уште на 9-ти мај да се најде пред пратениците со цел да се превенираат ваквите настани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
25.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ