(Видео) Крмов: Празните флоскули на министерот Шаќири не го подобруваат студентскиот стандард

Борислав Крмов _ Borislav Krmov

Во одговор на пратеничкото прашање од Борислав Крмов, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири со празни флоскули ги убедуваше пратениците и целата јавност, дека им излегле во пресрет на барањата на студентите и дека сега студентскиот живот е далеку подобар за младите.

По ваквиот небулозен одговор на министерот, следуваше контра-реплика на пратеникот на Левица, Борислав Крмов:

„Средбите коишто ги имавте со студентите, всушност беа само фингирани средби со претставници на вашите партиски подмладоци од СДС и ДУИ.

Во новиот предлог-буџет имате кратење на буџетот на образование и наука, и тоа на образование за 100 милиони денари, а на наука е буквално на пола.

За изградба и реконструкција на студентски домови, од 25 милиони денари се крати на 17 милиони денари и за студентски стандард од 1.149 илјади на 968 илјади денари. Каде ние тука гледаме дека има повеќе за образованието и студентите?

Не може со вакво историско кратење на буџетот за образование, да ни зборувате за било какво подобрување на студентскиот стандард.“

#ЛевицаОдПарламент

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ