Ниту еден владин претставник не се појави на протестите на земјоделците

0
83

(Контра-реплика на пратеникот Борислав Крмов кон министерот за земјоделство, Љупчо Николовски)

„Ако имавте рекордна помош за земјоделците – зошто тогаш имавте ДВА ПРОТЕСТИ во рок од еден месец? Ниту еден претставник на Владата не се појави на овие протести.

Вашите реформи се да ги избркате поситните земјоделци (преку ниски откупни цени) за да можат ваши блиски луѓе да ја окрупнат земјата. Вие буквално создавате латифунди, како во Римско време.

Земјоделците се принудени своите производи да ги пласираат преку приватните откупни центри. Ако револтот на земјоделците е спрема сопствениците на откупните центри – тогаш дајте им можност сами да извезуваат ориз.

Или, направите државен откупен центар – тоа што планира Левица да го прави.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

27 ноември, 2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде