Укинатата пресуда на Мијалков доказ за неказнивоста на СДС и ДПМНЕ

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот Трезор, со која Мијалков беше осуден на 8 години затвор, а кој предмет се однесуваше за опремата за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот со над 860 илјади евра.

Пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка и предметот е вратен на повторно одлучување на првостепениот суд, додека истата не е на увид на јавноста.

Јасно е дека ова е уште една меѓусебна амнестија на политичките елити, кои своето богатство го акумулираат преку грабеж на државниот имот и неказнивост.

Особено ако се има во предвид изјавата на поранешниот премиер, Заев, кој потврди дека Сашо Мијалков разговарал со осумте пратеници за промена на уставното име. Укинатата пресуда очигледно е награда за уделот на Мијалков во насилничката промена на уставното име.

Со ова, само дополнително се деградира правосудниот систем, имајќи го во предвид и неодамнешното ослободување на Камчев, кому судот му дозвoли да ги спои двете казни за предметите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и истиот веќе е на слобода.

Очигледно е дека заробеното судство има двојни аршини кога се во прашање високи функционери, чија слобода многу лесно ја остварија, имајќи ги во предвид тежината на кривичните дела за кои беа осудени и штетата која е предизвикана за државниот буџет.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28 ноември, 2022

mijalkov sds

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ