Дали Тупанчески ќе иницира одговорност за скандалот со правосудните испити

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Правосудството, кое треба да биде темел за владеењето на правото во Македонија, е заробено и узурпирано од партиските клики на СДСМ и ДУИ. Скандалозно е откритието дека синот на Таљат Џафери, заедно со дури 437 студенти од универзитетот во ЈЕИ – Тетово, полагале правосуден испит, иако за тоа не ги исполнувале условите.

Неофицијалните информации се дека претседател на Комисијата (која дозволила незаконски да полагаат правосуден испит) бил Гале Галев, а членови биле Иџет Мемети и Фаик Арслани, сите предложени од тогашниот министер за правда, Аднан Јашари од ДУИ.

Министерот за правда Никола Тупанчески, како доследен партиски полтрон, повторно одбива да преземе дејствија – под баналниот изговор дека Министерството за правда само една година ги чува овие документи.

Доколку Тупанченски не е запознаен со базични работи, документите кои фалат во Министерството за правда може да ги побара во Академијата за судии и јавни обвинители.

Изборот на кандидатите во Академијата за 2022 година доволно говори дека не постои волја на оваа Влада да ја промени ниската доверба во судството, туку напротив, да ги ухлеби децата на судиите и функционерите на ДУИ и СДСМ во правосудството, за да си овозможат долготраен комфор во своите делувања.

Влезот во ЕУ, како долгогодишна реторика на оваа хибридна Влада, никогаш нема да се оствари токму поради овие појави на непотизам и партиска заробеност на правосудниот систем, а кои се констатирани и се дел од секој извештај на Европската комисија за Македонија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30 ноември, 2022

tupancheski

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ