Еколошки црна 2023 година претстои за Македонија

318417783_715695216580212_7005007543445845302_n

Мизерни 0.65 отсто изнесува делот од буџетот наменет за животната средина за 2023 година, речиси за половина помалку од ланскиот кој изнесуваше 1.1 отсто.

Министерот за животна средина – Насер Нуредини и оваа година ќе биде само англиска кралица во квислиншката влада, која со уште една НУЛА во буџетот ќе се бори против загадувачите на животната средина во Република Македонија. Лажната зеленa наметка со којa е прекриен обезличениот Нуредини ќе донесе уште една црна еколошка година.

Со никакви средства ќе се решава аерозагадувањето следната година, а ќе нема пари за капитални инвестиции, за промена на начинот на загревањето на болниците, за „демонтирање” на бомбата со хром од Југохром, за мерни станици за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух, ниту пак за теренски возила со кои што вработените во Државниот еколошки инспекторат ќе ги ловат уништувачите на животната средина.

Надзор над загадувачите речиси и ќе нема, мазутот ќе „владее“ со болниците ширум Македонија, а дивата сеча во 2023 година ќе ја доживее својата кулминација.

Последиците од ваквата црна еколошка реалност ќе бидат погубни за бројните заболени луѓе од хронични респираторни и канцерогени заболувања.

Левица бара од Владата и надлежниот Министер:

Итно носење на програма и ГОДИШЕН план со мерки за намалување на загадувањето на воздухот;
Воспоставување задолжителнo набљудување со мерни станици за мерење загаденост на амбиенталниот воздух во сите општини;
Под итно да бидат купени теренски возила за да може да се одвива непречено работата на Државните еколошки инспектори.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ