Нема класно без национално ослободување – Провизиите се качени во корист на странскиот капитал кој учествува со 76,3% во „Домашните“ банки

317739978_714910076658726_7293652560694550493_n

Македонската економија има големо присуство на странски банки во домашниот банкарски систем – дури 76.3 отсто! Доколку се анализира движењето на промените во сопственичката структура на банкарскиот систем низ годините се забележуваат драстични промени во корист на странскиот капитал. Позначителен скок во промената на сопственичката структура е забележан во текот на 2007 година поради премин на капиталот во доминантна сопственост кај странски акционери.

Доминантни акционери се странците, иако доминантен дел од финансирањето доаѓа од домашните депозити. Влезот на странскиот капитал е поврзан со повисоки камати, провизии и надоместоци, на сметка на домашното население. Власта, која нема храброст ниту политичка волјја да се спротивстави на лихво-банкарството, ги држи вратите ширум отворени за влез на странски капитал.

Левица во својата програма предвидува воведување државна комерцијална банка за беска­матно кредитирање на населението, а преку која вра­ботените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Ова ќе придонесе за намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограни­чување на екстра-профитите и бонусите на банкарите.

Левица се залага за ограничување на банкарските провизии, и каматни стапки и укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, по­ради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на народот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ