Владата со народни пари ќе го финансира приватниот сектор

0
45

Со одлука на Владата на Република Македонија, од 1ви Декември до 30ти Април, Владата ќе субвенционира повеќе од 200 компании од приватниот сектор. Помошта ќе се однесува за набавка на електрична енергија и истата ќе чини 80 евра за мегават час.

Поголемиот дел од овие компании кои ќе земаат субвенции за набавка на електрична енергија доаѓаат од прехранбениот сектор, а како единствен предуслов за пријавување на субвенциите беше намалување на производите за 10%. Имено, и самата Влада на прес-конференција најави намалување на цените на прехранбените производи за 10% очекувајќи дека компаниите кои имаат сопствено производство ќе ги намалат продажните цени на продуктите.

Но, по реакција на стопанските комори во државата единственото барање од страна на Владата за намалување на цените е одбиено. Намалувањето на цените за прехранбените производи ќе биде доброволно и покрај тоа што тие ќе добиваат директна поддршка за набавка на електрична енергија.

По ова се поставува прашањето, дали оваа Влада предводена од СДС се става во служба на народот или приватните компании? Владата нема сили да стави ограничување на цените на производите во нашата држава при најголемата економска криза и инфлација која ја зафати нашата држава од самото постоење.

Народни пари за приватни компании е крајната цел. Додека обичниот работник е оставен сам на себе без никаква поддршка, Владата овозможува се поголема профитабилност за приватните компании на сметка на народот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде