(Видео) Кираџиева: Спортот не може да биде привилегија само за богатите деца

весна кираџиева

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

*Од гостувањето на координаторката на Левица – Сектор спорт, Весна Кираџиева во емисијата „Магазин“.

„Промените во спортот би ги започнала од нула, односно од образованието. Физичкото образование во училиштата е занемарено, а часовите се заменуваат со други предмети, па се создава фрустрација кај децата.

Ова е последица на тоа што најчесто спортските сали се зафатени, бидејќи нема доволно простор. Од друга страна, тие се изнајмуваат за приватни часови, за пари. Така, доведени сме во ситуација кога оној кој може да плати, да си го дозволи ова, или пак своето дете да го прати на приватни часови.

Секое дете мора да има можност за физичка активност, ова не е привилегија, тоа е во склоп на самото образование, тоа е основа. Не може да биде привилегија само за богатите деца.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07.12.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ