Одговорност за немилиот настан во училиштето Јовче Тесличков во Велес, мора да има

немил настан во училиштето Јовче Тесличков во Велес

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Случајот кој во вчерашниот ден излезе во јавноста, а се однесува на малтретирање на професор во средното училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, од страна на ученик е слика која не смее да се повтори и која дава еден одраз на културните вредности кои за жал очигледно се на многу ниско ниво.

Според информациите овој немил настан се случил пред 3 години, па прашуваме како е можно 3 години никој да не превземал никаква одговорност?!

За жал нашите неофицијални информации се дека ова не бил изолиран случај и не бил единствен професор во ова училиште што бил малтретиран!

Како политичка партија остро го осудуваме овој случај и апелираме до надлежните институции да реагираат во најбрз можен рок со цел утврдување на одговорност, како и превземање на активности со кои би се спречиле идни исти или слични несоодветни однесувања!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС
12.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ