Левица од Тетово: Продолжуваме да растеме на сметка на пробугарскиот СДС

0
72
Левица во Тетово
Левица во Тетово

Пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиумот Јован Крајевски вчера го посетија локалниот огранок на Левица во Тетово – каде во другарска атмосфера и со борбен дух, се разговараше за актуелните политички и социјални проблеми.

Во период на засилена пасокизација на СДС, членството и симпатизерите на Левица продолжуваат да растат на сметка на лажните социјалдемократи, додека нивното пробугарско раководство е во паника – истакна Крмов.

Крмов, забележа и дека македонскиот народ полека во Левица ја препознава единствената политичка опција, додека Крајевски, посочи дека единствено Левица се грижи за економскиот интерес на обичниот човек.

Македонскиот работник препознава дека системот не функционира и дека само Левица се залага за нов и праведен економски систем – заклучи Крајевски.

Членовите и симпатизерите на Левица од Тетово повторно истакнаа дека во овие историски моменти – кога Републиката се соочува со економски, социјален и национален колапс, Левица е единствена работничка Партија која почива врз АСНОМ-ските идеали и на наредни избори ќе биде клучен фактор без кој нема да може да се формира Влада.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
15.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде