Долгоочекуваните учебници во изведба на ДУИ обелоденија долгогодишни пропусти во образованието

0
66

Неколку дена пред крај на првото полугодие стигнаа учебниците за дел од основците, во кои беа вградени недозволиви пропусти и грешки. Според учебникот по Историја и општество, македонските ученици ќе треба да научат дека Монт Еверест е три и пол пати повисок отколку што е и дека источен сосед на Македонија е Албанија, а на запад граничи со Бугарија.

Очигледно дека ова е епилогот на долгогодишното учество на ДУИ во власта каде зазема бројни клучни функции во државата, при тоа без да има капацитет и одговорност за нивното корумпирано владеење.

Имено, токму министерот за образование Јетон Шаќири е еклатантен пример за манирот на владеење на ДУИ. Тој до моментот кога изби скандалот со ненавремено доставените свидетелства ниту знаеше дека Бирото за развој на образованието е надлежност на ресорното министерство со кое управува, но затоа добро беше запознаен дека фирмата-донатор на ДУИ „АРС ЛАМИНА” треба да го добие секој милионски тендер на МОН.

За ваквиот скандалозен пропуст со учебникот по Историја и општество мора да има одговорност од авторите на учебникот Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, како и од рецензентите Беса Хавзиу – Исламили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска.

Главниот виновник за колапсот во образованието е министерот Јетон Шаќири, кој повторно ја докажа премисата дека секоја сфера со која раководи ДУИ доживува катастрофа, токму поради нивната заштита од гонење и одговорност. Неподнесувањето оставка од страна на министерот од ДУИ покажува дека оваа амнестирана структура на политичари единствено владее со недемократски, насилни и криминални методи.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде