Левица од Куманово: Цврсто до конечен пораз на СДС и нивниот дериват – лажниот патриот Максо

318157717_843289386940418_7366736019240534020_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиумот Јован Крајевски беа во посета на антифашистичко Куманово, каде имаа средба со членовите и симпатизерите.

Додека Куманово седи со раскопани улици и се гуши во отровна магла, градоначалникот Максим Димитриевски не превзема ништо околу локалните проблеми на граѓаните и е влезен во евтина популистичка кампања, каде изигрува „голем патриот“, иако до вчера немаше никаков проблем ни со Препанскиот договор, ни со договорот со Бугарија – истакнаа членовите на Левица Куманово.

319108282 673085074457000 2674089022809236309 n

Внатрешните борби на криминалните крила на СДС кои октроираниот премиер Димитар Ковачевски не може да ги заузда, во Куманово најмногу доаѓаат до израз. Лажниот патриот Максо, кој претходно беше дел од антидржавните и криминални политики на Заев, сега треба да дејствува како „амортизер“, на масовното осипување на СДС од членови и симпатизери. Неговата т.н. партија го собира „талогот“ од отфрлените функционери на СДС, во очаен обид да ги организира во некаква структура, пред престојните парламентарни избори – посочи Крмов.

317733975 855035199163657 4128390142709969673 n

Македонскиот народ е антифашистички народ. Националното и класното ослободување се неповратно поврзани и со прифаќањето на францускиот предлог, духот на антифашизмот е разбуден и нема назад. Левица непречено расте и заедно со македонскиот народ ќе ги надмине овие тешки времиња – истакна Крајевски.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ