Партизираните вработувања во кочанската болница се срам за здравствениот систем!

319689158_5664899613545721_4748413837584851243_n

Директорот на болницата во Кочани, Александар Серафимов, постапи спротивно на критериумите за вработување што беа пропишани за јавниот конкурс. Сo тоа видливо докажа дека партиското вработување е примат при вработување на млади лекари во Кочани.

На јавниот конкурс што предвидува вработување на шест лекари се пријавиле вкупно 10 кандидати кои биле рангирани според одреден просек и бодови меѓу кои биле пријавени и доктор Стојан Лазаров кој бил рангиран на третото место и неговиот колега доктор Андреј Коцев на шестото место. Според ранг листата и двајцата лекари требаше да бидат вработени во болницата во Кочани, меѓутоа нивните места ги завземаа кандидатките кои беа рангирани на седмото и осмото место, односно докторките Ивана Манева и Златка Николова.

Деновиве директорот Александар Серафимов ги одбегнува новинарските камери и микрофони и е недостапен за одговори. Kриејќи се од одговорноста тој ја потврдува неговата корумпираност и недоличност, а со тоа дополнително го поттикнува сомнежот и недовербата кај македонските граѓани во изборот на идните медицински кадри.

Левица е современа партија на трудот којашто остро го осудува ваквиот корумпиран начин на вработување и го задолжува актуелниот министер за здравство Беким Сали веднаш да го повика на одговорност директорот Серафимов и да го санкционира според неговите надлежности.

Левица нема да дозволи партизирани вработувања во здравствениот систем бидејќи квалитетот на кандидатот е секогаш најдобриот избор при било кое вработување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР
22.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ