Власта постави несоодветен началник во ек на лажни бомби

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека загриженоста на родителите расте, а учениците губат настава или одат со страв во училиште, неспособната власт ја влошува безбедноста на граѓаните.

Имено, секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веќе два месеци работи на случајот “Лажни бомби” без началник, но за ситуацијата да биде уште полоша, власта на таа позиција постави човек што е за 4 работни позиции пониско на скалата, согласно систематизацијата на работните места и воедно бил фатен со дрога во службеното возило.

Дали ваква личност заслужува да биде на висока позиција во сектор кој е одговорен за спречување на криминал?!

Покрај несигурноста, траумите и стравот кој граѓаните го чувствуваат заради неспособноста и неработење на власта да го заштити својот народ, повторно сме сведоци на партиски вработувања на работни позиции каде се бара исклучителна професионалност и стручност, а не партиска книшка!

Левица ѝ порачува на криминалната власт да преземе чекори за отстранување на ваквите несоодветни вработувања со цел заштита на сигурноста на граѓаните!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
23.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ