Старо-новата коалиција во Неготино гласаше против интересите на граѓаните

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Додека СДС и ДПМНЕ, ширум државата дебатираат со кого Левица е во коалиција, во Општина Неготино старо-новата коалиција на СДС и ДПМНЕ преку советникот од ДС, изгласаа партиски вработувања.

На последната седница за 2022 година, оправданото отсуство на советникот од редовите на Левица, Леон Ристов, тие го искористија да ги изгласат програмите од одделенијата како и Буџетот. Што значи дека новата коалиција гласаше ЗА промена на планот за вработување и за покачување на услугите од ЈП Комуналец за енормни 100%.

Отсуството на советникот од редовите на Левица, Ристов беше и причина да претседателката на Советот ја свика и продолжи прекинатата вонредна 13та седница, каде старо-новата коалиција протурка точки кои претходно не поминаа, бидејќи советникот од редовите на Левица гласаше ПРОТИВ.

ЛО Левица Неготино остро го осудува овој кукавички потег со кој се докажува дека за жал СДС-ДПМНЕ работи само за политички интереси.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ