Поднесено барање до трудов инспекторат против „Никоб”

nikob

Изминатиов период, до Левица пристигнаа бројни поплаки од вработени во омилената компанија на власта, „Никоб”,во сопственост на Кирил Лазаров.

Работниците се жалат дека не им се исплаќаат неделите согласно законот, ниту компанијата исплаќа ноќен труд, работа за време на празник, а не исплаќаат ниту за работа во смени и минат труд. Поради ваквото брутално кршење на работничките права, Левица поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор до Трудовиот инспекторат, иако очигледно е непостапувањето на институциите кон оваа компанија блиска до СДС.

„Никоб” како агенција за обезбедување по доаѓањето на СДС на власт веднаш станува водечка компанија во оваа дејност, а многу брзо ја прошируваат работата и во други дејности.

Директорот на „Никоб”, кој доаѓа од Струмица истотака, не е случајно личен пријател на претходниот премиер Зоран Заев.

Освен во дејноста на обезбедување, во време на корона-кризата, Лазаров влезе и во “бизнисот” со човечки животи т.е.во вршење медицинска прва помош, тестови за корона, а сакаше дури и да ја приватизира брзата помош – предлог кој пратениците на Левица го блокираа со амандмански филибастеринг.

Од неодамна „Никоб” влезе и во електроенергетскиот систем, како исплатлив бизнис за сите правни лица кои имаат блиски контакти со власта, а мајката на директорот Кирил Лазаров, Митра Лазарова е краен сопственик на фирма која добила лиценца за одгледување на марихуана.

Само во четири години, 40 милиони евра и пари од граѓаните завршиле во „Никоб”. Очигледно е дека нема криза за компаниите блиски до СДС и ДУИ, кои се богатат со брутална експлоатација на работниците и цедење буџетски пари преку коруптивни тендери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

31.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ