Четвртата левичарска планинарска тура на Водно

0
70

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Левица, изминатиот викенд беа дел од четвртата планинарска тура која се одржа на планината Водно – последна за оваа календарска година.

На планинарската тура, учество земаа членови на Левица од десетина локални ограноци од цела Македонија.

Овие активности, кои имаат за цел поткревање на духот на единство меѓу членството веќе станаа традиционални за членството на Левица, па со нови сили и уште многу повеќе позитивна енергија, продолжуваат со истото темпо и в година.

Последна планинарска тура за годинава. Ја испративме старата година со предновогодишна, левичарска тура со планинарење до врвот на Водно.

Претстојат уште многу освоени врвови за тим Левица во иднина!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде