Партиите на криминалот обединети против Левица

Таче-Мицко

Криминалниот буџет на Општина Гевгелија за следната година советници на ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа со помош на купен советник од коалицијата на СДСМ. Оваа пракса на меѓусебно купување и продавање на доверените претставнички функции, не е ништо ново за криминалниот двоец СДСМ-ДПМНЕ, и постојано се случува, како што знаеме и за купопродажбата на пратеници за уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ има природна привлечност кон соработка со СДСМ, а особено со ДУИ, бидејќи заедно се причинителите за повеќе децении на киднапирани институции кои служат единствено за лично богатење на раководствата. Со едните редовно се помагаат преку меѓусебната лажна опозиција, независно од нивото на власт, додека со другите го спремаат теренот за повторно обединување во власт – ВМРО-ДПМНЕ сака да владее заедно со ДУИ.

Таа соработка веќе и формално се забележува во неколку општини во кои владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како во Велес, надоврзувајќи се на општините каде ВМРО-ДПМНЕ ужива слобода во советите преку кои се полнат џебовите во Белата палата и оние каде заедно со СДСМ го легитимираат својот криминал, како во Неготино и Гевгелија.

Потценувањето на народниот разум, лажните вести и клевети кои ВМРО-ДПМНЕ ги упатува кон Левица, служат за прикривање на сопствените криминални градоначалници и неспособност, но повеќе од сѐ, да им се помогне на Димитар Ковачевски и Бујар Османи во кампањата против Левица, а со тоа и да се надмине последната пречка на бугаризацијата на македонската држава.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ