Профитот ги убива човекот и природата

0
37

Приватизацијата на јавните капацитети и ресурси која, рака под рака, ги создаде капиталистичката и политичката елита во взаемност, продре во животите и до здравјето на луѓето, ги затру почвата, воздухот и водата.

Во секое уништување и искористување на природните ресурси и животната средина, во континуитет имаат удел канџите и стомаците на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ – злосторници на олигархијата, слуги на профитот и против државата и народот!

Нема сомнеж зошто трагично и предвремено згаснуваат човечки животи!

Трудот и животот на секој човек и сѐ што го опкружува, непрестајно ја храни ненаситната алчност на домашните и странски паразити на капиталот. Оваа земја децениски се ограбува и труе, во неа профитот не се оданочува и слободно се излива, додека полнејќи ги џебовите на партиите од елитата, Република Македонија се полни со секаков отпад, независно дали од воен, медицински или некој друг извор, кој понатаму нѐ заболува и нѝ ја уништува иднината за следните поколенија.

Економскиот модел на партиите кои владеат, овозможува постојано збогатување на грбот на народот, и особено, предаторски се раководеле сите досегашни и тековни кризи како можност за максимизирање на профитот и затоа тие кризи и дополнително се генерираат.

Единствено со народна власт на партија без врски со олигархијата и со регулација на дејностите на економските сектори и конечно планирање на економијата – може првично здравјето на луѓето и животната средина да станат политички приоритети, за потоа да биде возможно решавање на состојбата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.01.2023

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде