(Видео) Крмов: ДУИ го покажува нивниот великоалбански шовинизам и подреденоста на СДС во Владата

Борислав Крмов

 „Балансерот, заедно со Бадентеровото мнозинство се всушност инструменти за залоупотреба од страна на ДУИ. Според ниту еден попис, вклучително и последниот (којшто ние не го признаваме), процентот на Албанците никогаш не бил 41,5%.

 Од друга страна, тоа го покажува односот на СДС и ДУИ во владата. На ДУИ им е дозволено секојдневно да го кршат законот, а за тоа да не одговараат, што укажува дека СДС се во подредена состојба во однос на ДУИ. СДС само партиципира во владата на ДУИ.

 Со тоа што ДУИ се фалат само со етнички вработувања, етнички проекти во т.н. „нивни делови“ во Македонија, покажува дека ДУИ како партија не може да излезе од таа нивна етничко-шовинистичка призма и великоалбанските идеи.“

 Изјава на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, од Собранието на Р.М.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ