Општина Росоман ќе биде предмет на Ревизија за прв пат по 12 години по барање на Левица

0
26

Советникот на Левица во Општина Росоман побара ревизија во Март, 2023 година согледувајќи дека 12 години Државниот Завод за Ревизија не спроведува редовни ревизии, а со тоа не се контролира исправноста на постапките на минатите градоначалници и вработени во Општина Росоман.

Левица влезе во советите за да спречи непродуктивни трошоци, за да донесе нови, клучни идеи за социјална политика за развој на општините во Македонија, но и да ја стави под лупа работата на поранешните градоначалници и вработени во општините, по што ќе поведе правни постапки против криминалните дејствија за време на минатите и актуелната власт!

Очекуваме транспарентна ревизија на Општина Росоман која за прв пат се реализира по дури 12 години!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Росоман

18 јануари 2023