Слезенковски: Македонија со најмал раст на БДП во периодот од 2017 до 2022 година

301992007_6270350666314794_2274621991554828976_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пишува: Кирил Слезенковски – член на Централниот Комитет на Левица.

Република Македонија бележи најмал раст на бруто домашниот производ откако СДС доаѓа на власт по нелегален начин. Податоците покажуват дека нашата држава стои последна меѓу државите во регионот. 

Македонската економија бележи најмал развој во последните неколку години, сведоци сме како земјите од регионот контиунирано растат и се развиваат, но Македонија тапка во место. Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и Бугарија се земјите кои се пред нашата економија, а нивниот процент на БДП е далку над нашиот.

Иако секогаш сме важеле за држава која има постабилна индустрија од нашиот западен сосед – Албанија, за 2023 година албанската економија се очекува да има далеку поголем развој за разлика од нашата. Доколку некогаш сме биле лидери во регионот по нови инвестиции, сега Црна Гора е на врвот со процентуален раст од 12.4% (2021 година), а следуваат: Косово, Албанија, Србија, Бугарија и Македонија.

Но, што може да очекуваме од Влада која не е способна ниту за составување на буџетот за 2023 година, каде очекуваните приходи и расходи се проектирани далеку од реаланата слика во нашата држва. Предлог – Буџетот за 2023 година доставен(и изгласан) од Владата на РМ е само пресликан од претходните години, безидејноста за решавање на главните проблеми од страна на владеачките структури може да се забележи токму преку овој документ.

Во Буџетот за 2023 година, Владата има проектирано зголемени расходи од каматни стапки за 26.4%, а пак вкупниот јавен долг на Република Македонија изнесува 60.8% од вкупниот БДП (бруто домашен производ). Капиталните инвестиции се проектирани со зголемување од вкупно 49% во однос на претходната година (впрочем, секоја Влада ја зголемува оваа ставка, но без никаков ефект).
Реалните очекувања за капиталните инвестиции би се сведеле на 400 милиони евра. односно процентот на реализација би бил нешто под 55%.

Со лошо проектирање на буџетските приливи следува и лошо проектирање на расходите, па затоа не може да очекуваме дека 2023 година би била нешто подобра од претходните пет години, откако СДС е на власт.

Поради застапеноста на политичките субјекти кои личниот интерес го ставаат пред државниот, нашата држава оди во надолна линија во секое можно поле, а земјите од регионот далеку се оддалечуваат од Македонија. Промена на власта и системот мора да има, заслужуваме народна власт која ќе се грижи за обичниот човек кој придонесува за развој на нашата држава. 

СПОРЕДБА ПОМЕЃУ ДРЖАВИТЕ

OSGSFX8oL4p6K7m2U 0 ZrAcFodAFEexGS2 4x0DAZTdkmU5eI8endDjUCprYf108Ss7tgqoo3 YhIW4oO jf07tlWVhf8XOzIrZziS8wC6Wi6iv4UZhIyFc MndQ920phlIrdpw7 NmuWlXnn9MoNaGFaXU27hDDYppSy5XoAjauKHdK77RlLvpfhF nQ

МК БДП 2017-2021

W8 vJjQaGmtZQBZP LKp7c1TcUU58ctkBJj2GXbb8kA93bTpm2clJFRzTgF3nVJIkbFwHIGOtsEsytyW14IzyIFn56JYYI0iaT1M3qhyUgUvuUDIM6uGK9nRtCE2js1pzrqHNd1 HqESI3BmjEtegHWnty wTmICTFND1uW5AitOAtYy3y5Ri mkEKm1Xg

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ