Министерот Сали вработува блиски луѓе, здравствениот систем пропаѓа

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овојпат во режија на министерот за здравство Беким Сали.

Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките нелегитимни и тие мора да бидат поништени!

Министерството за финансии мора да обезбеди согласности за одлуки имаат буџетски импликации за 2023 година. Со тоа треба да бидат поништени и одлуките на министерот Сали, во отсуство на согласности од Министерството за финансии.

Левица дозна дека и неквалификувани лица блиски до власта биле унапредени. Како актуелен пример е унапредениот Кенан Џафери од Стајковци кој е лингвист, а ќе работи на утврдување на цената на лекови во сектор за фармација.

Како советник во секторoт за медицинска опрема и следење на состојбата во здравствените установи била унапредена Шпреса Алиу, сестрата на Љуљзим Алиу кој е пак шеф на огранокот на матичната партија на актуелниот министер, Алтернатива во Општината Чаир.

Соседот на министерот, Љирим Синани пак е унапреден во раководител на Секторот за управување со човечки ресурси на Министерството и натаму ќе одлучува за застапеноста на заедниците при вработувањето на кадар во здравството во Република Македонија.

Министерот Беким Сали треба и да плати 8 милиони евра како пенали за нереализираната изградба на Клиничкиот Центар што е неопходeн за ревитализација на македонското здравство. Со тоа народот мора да продолжи да се лекува во приватните здравствени установи!

Левица повеќекратно реагира на општата состојба во здравството, како недостатокот на лекови за ретки болести, за лошото справување со пандемијата и нетранспарентните јавни набавки од страна на Министерството за здравство и либерализацијата на здравствениот сектор со дополнителна политичка саботажа која од животите на луѓето гледа можност за профит!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

20 јануари, 2023

324119798 521433949828540 2362669048856140471 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ