(Видео) Јовановска: Мерната станица кај Усје е појдовна точка за детектирање на загадувачите во Скопје

кате

„Иако поставувањето на мерна станица кај индустрискиот капацитет УСЈЕ не е системско решение, сепак претставува појдовна точка за детектирање на најголемите загадувачи во градот Скопје.

Години наназад се дискутира кои се факторите за загадениот воздух и затоа мора да се почне да се ДЕТЕКТИРА кои се загадувачите, со цел понатаму да се најдат долгорочни решенија.

Неодамнешната инспекција кај УСЈЕ покажа неколку пати поголемо ниво на загаденост од дозволените количини и сметаме дека ако се постави мерна станица на овој индустриски капацитет, ќе може на дневно ниво да се мери квалитетот на воздухот и да се преземат соодветни мерки.”

(Говор на советничката од Левица – КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА за иницијативата да се постави мерна станица за квалитетот на воздухот кај компанијата УСЈЕ. Оваа иницијатива на Левица беше УСВОЕНА од страна на Советот на Град Скопје.)

#ЦрвеноСкопје

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ