(Видео) Крмов: Штитење на Џамбаски значи штитење на нацист и шовинистичките идеи на Санстефанска Бугарија

krmov

 „Џамбаски требаше многу порано да биде прогласен за persona non grata, а не да го гледаме како вика на сред Скопје дека Македонците се Бугари.

Пендаровски, нема да се осмели сериозно да побара негово прогласување за persona non grata. Сметаме дека е владина игра, тој да побара, но владата да не даде.

Реакцијата на Република Бугарија, со времено повлекување на нивниот амбасатор, јас го толкувам како заштита на еден фашист, еден нацист како што е Џамбаски. Тие си ги штитат нивните.

 Тоа е нивната политика уште од XIX век, нивниот сон за Санстефанска Бугарија. И кога се борите против такво нешто, не може да се борите со свиткана кичма и на колена.

Ова нема никаква врска со евро интеграциите. Во првиот момент, АКО се случат уставните измени, Бугарија ќе почне со нејзините уцени и со ставање вето.

 Пратеникот на Левица – Борислав Крмов од гостувањето во емисијата ,,Што мисли народот” на ТВ Стар.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ