(Видео) Јанчев: Со широката коалиција, СДС и ДПМНЕ заедно ја задолжија Општина Гевгелија!

sase

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, беше усвоена Одлуката за задолжување во износ од 850.000 евра.

Во прилог обраќањето на советникот од Левица, САШКО ЈАНЧЕВ:

„Очигледно на хипокризијата и нема крај. Ако бев член на СДС немаше да се појавам на говорница. Прво немаше да дојдам на седница, второ ќе си ја скинев книшката и трето ќе го молев Господ да ме фати амнезија за да заборавам дека сум бил член.

Во задолжувањето има отворена соработка помеѓу ДПМНЕ и СДС или тоа што народот го вика широка коалиција. Ова беше процес воден од ДПМНЕ на локално ниво, но овозможен од СДС на локално и централно ниво.

Сума сумарум, сложни калуѓери мрсат и во петок, а СДС и ДПМНЕ сложно мрсат триесет години секој ден.”

#ЛевицаВоСоветите

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
31.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ