Левица во Атина: Грција и Бугарија мора да ја признаат самобитноста на Македонија!

328931182_669321388302326_8335019637949283658_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Изминатиот викенд во Атина се одржа уште една Меѓународна анти-империјалистичка конференција во организација на Светската анти-империјалистичка платформа на која учествуваше Левица претставена од делегатот Сашко Јанчев.

Учесници во атинската конференција беа повеќе левичарски организации од Грција, како и левичарски организации од земјите од регионот, Велика Британија и Кореја. Претставниците дискутираа за заканите од империјализмот во контекст на новите тектонски поместувања на геополитичките плочи, очигледното развивање на нов мултиполарен свет и економските концепти кои се развиваат во ова доцно неолиберално општество.

На конференцијата во Атина – Левица посочи дека за да се случи обединување во анти-империјалистичката борба, првенствено, Грција и Бугарија мораат да го прифатат постоењето на македонската нација како факт, а потоа балканските земји да разберат дека великодржавните и завојувачки идеи никогаш не донеле ништо добро на Балканот.

Според Левица, само така може да се излезе од магичниот круг на конфликти и национална нетрпеливост на Балканот што е основ за понатамошна заедничка борба против империјализмот, како највисок стадиум на капитализам.

По конференцијата, Левица одржа повеќе билатерални и мултилатерални средби со левичарски организации од Грција, Бугарија и Кореја, како и неформални средби со претставниците од Велика Британија на кои се разговараше за понатамошна соработка.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ