Во текот на додипломските и постдипломските студии имав голем број искуства во различни работилници, школи, проекти, конференции, семинари и т.н., од областа на политиката, аналитика, истражувања, меѓународните односи и преговарањето. Учесник сум во бројни обуки од различни општествени сфери, во и надвор од Македонија. Како младински активист учествував на трибини, дебати, акции и иницијативи. Темелите на своето професионално работно искуство ги поставив во Центарот за правни и политички истражувања, а бев учесник во бројни проекти спроведувани од домашни и меѓународни организации или образовни програми.
Волонтерските искуства како: учество во подготовка на Меѓународна научна конференција; симулација на преговарање помеѓу Европска Унија и Евроазиска Унија; волонтирање на Меѓународни културни форуми; спроведување на истражувања за потребите на младински и студентски организации; авторски текстови во студентски списанија; се од посебна важност за моето општественото делување. Особено сум горд на моите учества во меѓународни научни конференции и своите трудови објевени во повеќе научни списанија на Македонски, Руски и Англиски јазик.
Мотивација за вклучување во политика
Занесени од желбата за власт и градење кариера, народните избраници се однесуваат како легитимитетот да го црпат од политичката партија која ги предлага, заборавајќи дека легитимитет го добиваат од обичниот човек, работникот, занаетчијата, земјоделецот. Ако народниот избраник не им служи ним, тогаш се останато е само убаво спакуван неморал за широките народни маси, кој цврсто стои во дланките на крупниот капитал управуван од неолибералната машина.
Македонското општество се соочува со многу предизвици, но носителите на одлуки наместо да ги решаваат, тие им потклекнуваат и ги мултициплират. Ваквата пракса, трае предолго и истата е претворена во традиција, која поткрепена од крупниот капитал и неолибералниот систем, доведе до развивање на погрешни морални и етички вредности кои непрекинато го потиснуваат обичниот човек.
Неопходно е политичките темели одново да се засновани на колективниот морал и левите идеолошки вредности каде обичниот човек е „центарот на светот“.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
Обичниот човек подолго време е заборавен од Властите, како на локално така и на национално ниво. Неговите потреби не претставуваат ничија обврска и затоа е неопходнапромена.
Мојата цел е да се промени индивидуалната свест за колективната моќ на поединецот, со што ќе се зароди отпор за секое неморално однесување, и стане промотор на народните потреби, идеи и вредности.
Време е некој да ги застапува интересите на работниците, јавно да ги изнесе сите неправилности во работењето на „локалната елита“, Јавните претпријатија и општината пред граѓаните и да биде гласот на народот во Советот на општината.
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
Премногу долго исти политички фигури и исти политички партии се оставени меѓусебно да се договараат и да ги застапуваат своите интереси. Само преку искристализирана идеолошка матрица, цврст карактер во спротивставувањето на неправдата и бескомпромисност во заштита на позициите може да се достигне општествена промена.
Левица е единствената надеж која го може ова. Која е спремна да ги замати сметките на владејачката елита и да постави нови политички стандарди, кои ќе бидат репер за развој на политичката култура кај идните генерацииво Македонија.
Мојата порака до народот
Промената нема да се случи со поддршка на истите политички партии кои од општината создадоа институционализиран картел кој е организиран бандитски и седи во скутот на неколкумина моќници. Неопходна е промена во која обичниот човек е на пиeдесталот, локалните институции се негови заштитници, а народните избраници претставници на неговите барања.