Накратко би се опишал како страствен љубител на природата и верник во самоодржливост и неинванзивност како концепти на создавање и градење на општините и државата во целина. Креативен, исполнителен и детален во работата. Основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“. Оженет и татко на две деца.
Роден сум во 1982 година во Скопје, Општина Центар. За општината ми се врзани скоро сите најдраги спомени од детството и младоста. Магистер инженер архитект, со магистерска теза од областа на самоодржливта и неинвазивна архитектура, одбранета на УКИМ – Архитектонски факултет – Скопје, каде завршив и додипломски студии. Овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б од Комора на овластени инженери и архитекти на Република Македонија.
Над 14 години работно искуство како проектант и инженер за изведба во приватниот сектор: „ЗАМ-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО (2007-2010), „МЕГА-ЗАМ“ ДОО (2010-2013), „ЗАМ-ДИЗАЈН“ ДОО (2013-2016), „МЕНХЕТЕН ПРОЕКТ“ ДООЕЛ (2016-2020), „ЕЛЕНА ЛУКА ИНЖЕНЕРИНГ“ (2020-тековно). Осoбено горд на проктирањето на црквата (Св. Архангел Гаврил) во Ченто.