Боби Илиевски – Носител на советничка листа во Општина Тетово

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Боби Илиевски
носител на советничка листа во Општина Тетово

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”1080″ media_size_image_width=”1080″ image=”20309″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1982 година во Тетово, каде живеам и денес. Завршив основно образование во училиштето „Маршал Тито” (денешно „Гоце Делчев”), средно образование во електротехничкото училиште во Гостивар и додипломски студии на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде се стекнувам со звање Дипломиран менаџер по односи со јавноста и меѓународен менаџмент.

Работното искуство ми започнува веднаш по завршување на основното образование, кога паралелно со средното образование, започнав со изучување на занает, најпрво како чирак, потоа како калфа во сервис за поправка на телевизори и други електронски уреди. По завршување на праксата од 2001 до 2008 година, работев во истиот сервис како Агент за поправка на телевизори и други електонски уреди.
Од 2008 година сум на моменталното работно место како одговорен Раководител на салон на „Сабах” (индиректна продажба на Телеком).

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Целиот свој живот сум во Тетово, моите деца се родени и живеат тука и сакам така да остане. Едно подобро Тетово за моите деца и за сите тука е тоа што ме мотивира за вклучување во политика.

Тетово носи голем потенцијал, но поради криминогените политики во изминатите три децении, градот тоне во сиромаштија, корупција, криминал, загаденост и наплив на урбанистичка мафија. Убеден сум дека преку Левица, која е автентично движење на политичката сцена без криминален багаж, ќе може да се изборам за реална промена во Тетово.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Уште од средношколски денови, прво преку изучувањето занаeт, потоа преку самиот работен ангажман, сум дел од тетовската чаршија, секојдневно сум во контакт со луѓе од различни етнички заедници, работници, земјоделци и сопственици на мали бизниси.

Кога се во прашање загриженоста за здравјето поради нечистиот воздух, фрустрацијата поради немање на чиста вода во 21-ви век, недостигот на зелени површини и паркови, урбанистичкиот хаос и узурпираните тротоари – сите овие проблеми се заеднички за сите, без оглед на различностите.

Зошто се кандидирам преку Левица (зошто ја избирам Левица)?

Левица од самото појавување се издвојува по тоа што е автентична и надетничка партија, единствена која го артикулира гласот на работниците, сиромашните, стечајците, земјоделците и младите.

Таму пронајдов храбри поединци кои се спремни секое прашање да го отворат во јавниот дискурс, за разлика од досегашниот политички естаблишмент. Доколку сакаме навистина работите да тргнат на подобро, отворено треба да ги адресираме проблемите и заеднички да работиме на нивно надминување.

Мојата порака до народот

Во Тетово живееме сите заедно. Секојдневието ни е заедничко. Блокираните улици и недостигот на пешачки зони ни се заеднички. Нечистиот воздух го загрозува здравјето на сите нас. Немањето пристап до чиста вода го отежнува животот на сите. Парковите и зелените површини како простор за рекреација се нужни за сите нас.

Со активна вклученост во политичкиот живот на искрени ентузијасти можеме заеднички да направиме промена за Тетово да го врати својот сјај.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]