Поради бизнис врските во политката – повторна експлоатација на песок на Пчиња

350626373_937615994322038_3777161421628753748_n

Вчера пратеникот од Левица, Борислав Крмов и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ повторно беа помеѓу жителите на селата Горно и Средно Коњари, кои продолжуваат да се соочуваат со голготата која им ја приредуваат нелегалните експлоататори на песок на реката Пчиња.

Деценискиот проблем на овие жители кои се оставени сами да се борат против мафијата не стивнува и покрај укинатата концесија за т.н. “уредување на речното корито” – за минатиот петок помеѓу двете села повторно да се соочат со машинерија покрај реката.

Откако се исцрпени сите институционални методи, како и правото на протест со блокирање на автопатот, жителите се принудени физички да ги оневозможат експлоататорите на што следат бројни неоправдани кривични пријави со цел заплашување на народот.

Левица будно ја следи состојбата и е во постојан контакт со тамошното население за да се спречи секое следно уништување на природата и девалвација на животните услови.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ