(Видео) СДС воведува урбанистички хаос: Шајка не знаете да заковате, но знаете да уништувате

Борислав Крмов Левица Попис
  • Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за предлог-законот за градење со европско знаменце за “Бехтел и Енка”.

“Министерот Бочварски во неговото оправдување на овие деструктивни закони вели дека ќе се забрзаат процедурите. Како во минатото кога сме имале повисоки стандарди не ни било потребно забрзување на процедурите? Доколку се институциите проблем тогаш тие треба да се реформираат. Државните институции вие ги имате деградирано кадровски и технички, и наместо да ги вратиме во добра состојба ние ги спуштаме или укинуваме стандардите како во овој случај.

Член 2 став 2 се однесува за исклучоците и ги исклучува градбите од стратешки интерес за кои нема да се применуваат одредбите од законот – сите стандарди се заобиколуваат.

Во член 5 став 1 се спушта стандардот од основен проект на идеен проект за градење на основа на одобрение на идеен проект. Не е исто како и за ТИРЗ бидејќи ние тука зборуваме за 30, 40 мостови, тунели, надвозници и тн. Во идејниот проект не се содржани сите параметри и информации за проектот

Во членот 6 став 1 надзорот на работите се однесува на надзор на идејниот проект додека кај ТИРЗ тоа се однесува на надзор на основен проект.

Член 10 став 4 се однесува на дислокација врз нотарски заверена изјава од надзорен инженер за дислокација и тоа се прави само со еден потпис. Мора да постои стручна комисија која ќе ги процени овие состојби, но, ние и тука го спуштаме стандардот сега на потпис на еден човек.

Член 10 став 6 е за уписот на дислоцираните објекти согласно Законот за експропријација. Ние ќе вршиме експропријација и ќе градиме додека уписот во јавната книга за запишување на правата на недвижности ќе чека. Правите потполно извртување на процедурата.

На овој начин го унапредуваме и го окончуваме урбанистичкиот хаос. На чело на сите овие измени стои СДС – токму оние кои во деведесеттите го уништија стопанството, и она кое не го уништија го оставија да пропаѓа.

Тоа СДС која ја почна градежната експанзија во сите градови, сега со овие закони го укинува урбанизмот потполно.

Шајка не знаете да заковате, но знаете сѐ да уништите!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

23.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ