(Видео) СДСM и ДУИ гласаа против поголема работна сигурност

Screenshot from 2022-04-08 10-55-24

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со изменувањето на Законот за работни односи, предлог-законот на Левица се однесува на таргетирање на мотивацијата и ефикасноста на работниците, како и обезбедување на работна сигурност за време на тековната економска криза.

До сега, под закрила на неолиберални флоскули како „флексибилност на пазарот“, бележиме влошување на работната сигурност од осамостојувањето до ден-денес, преку формата на договорите на определено време. Сегашната горна граница на овие договори е од пет години, што во пракса ни покажа дека е подлежно на манипулации, и тоа што работодавачот може да го „влече“ вработениот толкав временски период, му оневозможува на работникот вистинска работна сигурност и договор на неопределено време.

Затоа, предлагаме горната граница за склучување на овие договори да се намали од 5 години на 6 месеци, со што работодавачите ќе бидат условени да склучуваат повеќе договори на неопределено време.

Втората форма од овој предлог-закон се однесува на исплаќањето на месечната плата, која во оваа форма се исплатува најкасно до 15-ти во месецот, и намалување на тој период до 5-ти во месецот.

Со овие две реформи сметаме дека ќе се зголеми работната сигурност и ќе се случи стабилизација на работните можности, што е особено битно во време на економска криза.

По член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предложивме овој предлог-закон да се донесе по скратена постапка.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ