(Видео) Со европско знаменце усогласуваат криминал – намалувањето на платите на функционерите во фиока

Борислав Крмов Левица Попис

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Процедурално обраќање на пратеникот од Левица Борислав Крмов за шверцувањето на закони со европско знаменце.

“Член 68 став 1 често го прекршувате, како и во овој случај, и материјали за овие 5 фамозни закони со европско знаменце ги добивме на 8-ми, додека денеска е 10-ти. Материјали се нови и така вие го прекршувате тој член кој обезбедува 10 работни дена за разгледување на материјата.

Нашето автентично толкување поднесено на 2-ри за НАМАЛУВА НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ не е ставена на Дневен ред бидејќи тоа не ви одговара. Нашата Резолуција против фашизмот истотака година дена е веќе во фиока, заедно со Декларацијата против шовинистичките интереси на Република Бугарија. Додека нечии предлози се држат во фиока, на мнозинството шверцератот поминува и со прекршување на Деловникот.

Член 135, по ставовите 4 и 5 е истотакс грубо прекршен. Ова се лажни предлог-закони. Делот 5 од воведот, т.е. прегледот на регулативата од други правни системи и усогласеноста на Законот со правото на Европската Унија е празен.

Со што усогласуваме ние тука? Можеби со криминалот усогласуваме.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ