(Видео) Треба ли луѓето да ги запалат камионите на концесионерите за да ги заштитат селата и реките!?

Борислав Крмов Прес 1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Контрареплика на пратеникот Борислав Крмов од Левица за уништувањето на реките и експлоатацијата на песок на реките Пчиња и Брегалница.

Што има народот од тоа што вие се согласувате за овој проблем, кога тој започнува во времето на ВМРО-ДПМНЕ и продолжува во времето на СДСМ? Не треба да апелирате туку да спречите!

Немаме резервни реки, шуми и природа, за таков смешен профит на поединци да се уништува плодното земјиште и пасиштата околу реките. Од Србија ќе бараме и добиваме масло и храна додека нашето плодно земјиште се уништува. Вие треба нешто да преземете бидејќи во спротивно вие сте соучесник!

Што е потребно да направат жителите на овие места кога нема слух од институциите, треба ли да се тепаат со концесионерот и да ги запалат камионите? Само под притисок, од собраниска говорница и од терен може да се издејствуваат работите, очигледно – со повторно блокирање на патиштата.

Сега, на автохтоното население му се ограничува пристапот до животната средина околу селата, додека нелегалните копачи се третираат како овластени лица.

Не постои систем кој ќе ги заштити луѓето – до таму ја уништивте државата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ