Дарко Масларковски – носител на советничка листа во Општина Аеродром

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Дарко Масларковски
носител на советничка листа во Општина Аеродром

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14751″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како сопруг и родител на две прекрасни деца, брат, другар комшија, рап музичар кој од своето детство создава музика со порака, како и режисер на многу видео материјали, спотови, емисии и по некој краток филм, сонувач за поубав свет. Ново Лисичанец, Аеродромец, локал патриот, подготвен да се бори за поубава и позелена општина. Општина без урбана мафија, узурпатори, без наместени тендери и преплатени јавни набавки. Борец за слобода, правда и еднаквост.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1983 година во Хиподром, по мајка ми Елена стар скопјанец со неколку века континуитет на живеење во Скопје, а по татко ми Мирко прва генерација мичуринец доселен како партизанско бебе од 1946 година во повоено Скопје. Во 1991 година се доселивме во Ново Лисиче каде ми помина детството и младоста. Основното образование го завршив во ОУ „Лазо Ангеловски“, а средното училиште во гимназијата Јосип Броз -Тито. По три години на Економскиот факултет при УКИМ, решив да го продолжам високото образование во Бугарија, Пиринска Македонија, во Благоевград, при Југо-западниот Универзитет „Неофит Рилски“, на катедрата за филмска и телевизиска режија и монтажа. Го завршив со одличен успех, со просек 9.7.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Сé уште сонувам за својот капитален долгометражен филм. Со музика се занимавам од моето детство, а 1996 година беше формирана рап групата Пука Козметика, каде со мојот вечен животен сопатник и лидер, братот близнак Жарко, создадовме повеќе од 200 песни, 7 албуми и многу компилации.

Како основачи на независниот лејбл „Токсикологија мјузик“ со повеќе од 20 изданија, го подигнавме нивото на македонскиот рап. Пред 6 години го формиравме и бендот Брука кој создава автентично македонско реге. Учесник сум и организатор на многу фестивали и настани од областа на културата и музиката. Автор, сценарист, режисер на многу емисии на првата интернет телевизија Бла Бла ТВ, која 5 години беше единствен медиум кој ревносно ја следи алтернативната, независна сцена во Македонија.

Како носител на листата за советник на општина Аеродром, ветувам бескомпромисна борба за нашата заедница и поубав, зелен Аеродром, од Железничка до Долно Лисиче.

Мотивација за вклучување во политика

Последните години во Македонија ги живееме најугнетувачките и поразителни моменти од постоењето на државата. Oд промена на нашето име, до поигрување со нашето достоинство како народ, проследено со брутален криминал и клиентелизам, терор и бришење на сите АСНОМСКИ идеали врз кои се темели Македонија. Не можев повеќе да стојам настрана и да бидам нем набљудувач на процесите на нашето укинување како народ и држава.

Како уметник и творец моето битисување секогаш носи порака за борба и пркос кон системот на владејачките елити. Како единка човек многу малку може да ја промени реалноста во која што живееме. Но, овие тешки времиња судбоносно водат до тоа нормални, чесни и скромни луѓе да се вклучат во политичките процеси. Како дел од политичка партија, посебно од позиција на власт, човек може многу да промени. Затоа и се вклучив во борбата, без страв, со цел и намера да го срушиме овој гнил систем и да изградиме нов, чесен, правичен еднаков за сите – НОВ СОЦИЈАЛИЗАМ!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Посакувам да успееме за брзо време да ја вратиме надежта кај народот, да покажеме дека е можно едно поубаво живеење. Дека со посветена работа и жртва, е можно да ги вратиме насмевките кај луѓето. Да ставиме крај на коруптивните зделки и клиентелизмот, да ја спречиме урбаната мафија која го узурпира нашиот простор, да поставиме меродавен вредносен систем во кој ќе се почитува секоја единка според својот придонес и квалитет. Да изградиме и обезбедиме простор и услови за правилен развој на младината, да направиме убаво место за живеење за нашите деца и за пензионерите.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Искрено се израдував поради формирањето на Левица и препознав нешто што веќе подолго тлее во секој од нас обичните, политички неопределените граѓани. Препознав можност за борба со немилосрдниот противник, елитите на капитализмот и неговите слуги кои 30 години го ограбуваат народот и ја девастираат државата на секое поле. Го препознав Давид кој има можност да го совлада Голијат и веднаш посакав да се вклучам и бидам дел од промената. Искрено, конечно е созреано времето за нормални политичари во политика. Луѓе скромни, чесни, вредни, непоткупливи, борци за подобро утре. Мора да докажеме дека сме различни од сите досегашни партии и не смееме да го изневериме народот, кој долго опресиран, желен е за слобода. Слобода или смрт е и наша парола, и тоа не само декларативно. Доколку се исцрпат сите демократски начини за промена, нема да го жалиме својот живот за Македонија ! АСНОМ ЖИВЕЕ!

Мојата порака до народот

Народе мој! Време е да ги скинеме прангите со кои не држат во привидна слобода веќе 30 години. Сите ние, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи, Турци и сите останати кои живееме во Македонија мора да се избориме за подобра иднина. Ако не си ја вратиме гордоста, ако не се издигнеме над просечноста, ако работникот кој ја создава вредноста нема повеќе од мизерна плата, не сме постигнале ништо, а владејачките елити ќе продолжат да не цицаат до последната капка крв. Ништо не ми значи ниедна функција, ниту личен бенефит, ако не успееме да направиме добро за сите граѓанин во Македонија. Верувам дека сите луѓе се добри во својата суштина, но дека системот е создаден да корумпира затоа што го повластува малцинството. Затоа, ќе се борам за промена кон подобро и за просперитет на заедницата. Народе, придружи ни се во борбата за ослободување, оти робот се бори за слобода, а слободниот човек за совршенство.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]