Дарко Стојановски – носител на советничка листа во Општина Гази Баба

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Дарко Стојановски
носител на советничка листа во Општина Општина Гази Баба

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14806″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како чесен и искрен граѓанин на Гази Баба, веќе втора генерација. Дипломиран Политиколог на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Активен член на Левица од 2016 година. Сопруг и родител. Одлучен сум да ги подобрам условите за живот на моите сограѓани во општината.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во Скопје, 1987 година, а живеам во Гази Баба целиот мој живот. Втора генерација Скопјанец и гордо ја создавам и третата преку моето дете. Основно училште завршив во ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром каде што добив одлична основа и насока за моето понатамошно образование. Средно училиште завршив во ДСУГ „Орце Николов“ каде што поминав неверојатни 4 години и од себе создадов примерна личност. Изборот на факултет беше поттикнат од мојата желба да учествувам во општествените процеси, но и да ги подобрам истите. Сето тоа беше безрезервно поддржано од моето семејство. Факултетот го завршив со една година задоцнување поради патување во странство од неколку месеци, што за мене претставуваше одлично животно искуство на кое сеокгаш ќе се потсетувам и ќе го применувам.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Сепак, како и многу работи во ова општество, така и моето вработување според образованието, беше искривено од налудничавата идеја дека е нужнода се вработам „партиски“ и воедно да бидам слеп роб на некоја кауза која никогаш нема рационално да ја прифатам. Поради тоа бев приморан да го остварам и докажам мојот талент далеку од таквите идеи, вработувајќи се во секторот на малопродажба. Во овој сектор активно и засега успешно партиципирам и се надградувам, а тоа ја докажува мојата моментална раководна функција.

Мотивација за вклучување во политика

Политиката беше активно присутна во целиот мој живот. Уште одамна воочив дека претставува основа на секоја општествена област, каде граѓаните партиципираат или треба да задоволат некоја потреба.

За жал, во нашето општество, граѓаните се веќе навикнати дека институциите кои треба да ги штитат и да го подобруваат нивниот живот, едноставно не функционираат. Тоа мора да се промени! Тоа мора да биде минато, на кое ќе се потсетуваме и од кое ќе научиме дека така не може да функционира едно општество.

За мене државата представува стражар на граѓаните. Стражар кој треба да го штити нивниот суверенитет, интегритет и достоинство. Стражар кој што безрезервно и секогаш, ќе се залага за подобар и поквалитетен живот на своите граѓани.

Поради овие причини, одлучив да останам тука и да се борам да ја подобрам иднината на моите сограѓани. Да им пркосам на нечесните и себичните политиканти кои сакаат себеси да се нарекуваат патриоти и политичари.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Во секој момент од нашите животи мораме да се обратиме, да комуницираме или побараме помош од некоја државна институција. Во било кој аспект од нашиот живот државата и општеството треба да бидат тука, да ни даваат поддршка или решат проблем. За жал, нашето општество функционира бавно во однос на решавање на потребите на своите граѓани. Притоа, секоја позиција на моќ се злоупотребува за ситно-партиски цели и лични финансиски придобивки.

Мојата цел, но и целта на политичката партија Левица, е да водиме домаќинска политика. Да го подобриме и олесниме животот на нашите сограѓани во Македонија, да покажеме дека институциите не функционираат само на Запад, да покажеме дека политиката не е само лоша и себична, туку дека може да биде коректор на власта. Да покажеме што значи да се бориш за својата држава, без разлика колку и да е долг и макотрпен патот до таа цел.

Мојата цел е да има подобро утре, подобра иднина за сите нас и нашите деца.

Зошто се кандидирам преку Левица?

Во моето рационално политичко размислување, во Република Македонија не постои друга опција за општествено делување и борба освен таа со Левица. Партијата Левица, во многу наврати и на многу начини се докажа како искрена, чесна и неподкуплива партија во ова наше корумпирано општество. Се надевам дека во иднина заедно ќе продолжиме да делуваме на тој начин. Политичката партија Левица на парламентарните избори во 2020 своеволно и по основ на моето образование ме кандидираше за пратеник во изборната единица 2. Ова само ми докажа дека Левица е сериозна политичка партија која што го цени трудот и знаењето на своите членови, но и сограѓани.

Сметам дека Левица е сериозна политичка опција и како таква, ја избирам јавно да учествувам во нејзините дејностии, а со тоа искрено и чесно да помогнам на своите сограѓани да имаат подобра иднина.

Мојата порака до народот

Мои сограѓани, жители на Гази Баба и Република Македонија ви се обраќам од позиција на чесен и примерен граѓанин на оваа општина и оваа држава. Време е да се избориме за напредок и достоинствен живот. Да покажеме храброст! Да го запреме ова лудило кое ни се случува 30 години. Да излеземе на избори, да дадеме шанса на нови луѓе и да се обидеме да создадеме подобра иднина за нашите деца. Бидете со нас во остварување на оваа кауза! Заедно да бидеме дел од борбата за подобра иднина!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]