Дијана Кирова – носителка на советничка листа за Општина Дојран

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Дијана Кирова
носителка на советничка листа во Општина Дојран

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14551″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишала како мајка на две ќерки и сопруга, чесна работничка, верна другарка и поборник за заштита на животната средина.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Родена сум 1989 година во Велес, а живеам во Стар Дојран од 2014 година. По струка сум дипломиран информатичар на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, со завршена педагошка доквалификација. Вработена сум во приватна компанија. Секогаш лојална и посветена на работата. 

Мотивација за вклучување во политика

Мотивацијата за политичко активирање ми доаѓа од живеење во руинирано општество, со нефункционални иснтитуции и систем кој наместо да го уредува живото на луѓето, е толку трул и неправеден, што веќе буквално ги брка да си заминуваат во туѓина. Не можем и не сакам веќе да стојам по страна како нем набљудувач на трагичните настани кои ги доживуваме.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Овде би ги спомнала само накратко клучните проблеми, како што е нашето уништено здравство во кое можат да се лекуваат успешно само богатите, а во него умираат сиромашните, непостоечката правда во судовите, игнорирање на цели групи население (бездомниците, социјалните случаи, самохраните родители, луѓето со посебни потреби, луѓето со ретки заболувања), немање на основна сообраќајна инфраструктура, уништување на зеленилото, немање на основни услови за развој на младите како читални или младински културни центри, непостоење на центри за складирање на отпад, ужасни услови во училиштата… Всушност, како народ, после вечното владеење на големите партии, нема нешто што НЕМАМЕ!

Ако ова не успее да нѐ мотивира да застанеме одлучно и здружено ПРОТИВ натамошното уништување на Македонија, тогаш мора да се запрашаме дали уште сме живи!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Со оваа кандидатура сакам да го ставам на располагање моето знаење, искуство и визија за создавање на општина која ќе нуди услови за достоен живот, според потребите на народот. Сакам да почнеме да ги дигитализираме административните услуги кон граѓаните за полесен пристап до истите, да го запреме нетранспарентното и неразумно трошење на народни пари, да ги вклучиме граѓаните во носење на одлуки во општината преку јавни дискусии и трибини и барање на нивни размислувања за предложените решенија, да се грижиме и да го чуваме Дојранското езеро и животната средина од загадување и од непланско градење.

Зошто се кандидирам преку Левица?

Левица е партија чии членови се обични луѓе од народот, кои на свои плеќи ги имаат осетено сите проблеми во општеството. Нивната борба е иснпирирана од лични искуства и имаат силна мотивација за менување на статус-кво состојбата. Сметам дека е единствената опција од и за народот, која ќе донесе вистински промени за достоинствен живот во Република Македонија Затоа, со задоволство сум дел од Левица..             

Мојата порака до народот

Да бидеме решителни и упорни во намерата за подобар живот. Да бидеме храбри во борбата и никогаш да не се откажеме. Да гласаме ЗА Левица, како единствената опција која покажа дека знае да се бори со криминалните структури и дека се непоткупливи. Само со чесни и борбени луѓе, можеме да почнеме да градиме дом во кој конечно, нема да се чувствуваме како најнесреќен народ во Европа.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]