Димитар Абрашев – носител на советничка листа во Општина Велес

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Димитар Абрашев
носител на советничка листа во Општина Велес

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”696″ media_size_image_width=”696″ image=”14444″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како одоговорен, исполнителен, правдољубив и упорен. Рекреативен планинар, велосипедист и љубител на спортско стрелаштво. По образование сум Дипломиран менаџер по осигурување, а работам како инструктор за обука во автошкола во родниот град, Велес.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во 1993 година во Велес, каде живеам и денес. Среќно оженет за прекрасна личност. Моето детство, младоста, како и моето образование се поврзани за Велес. Основно образование завршив во ОУ „Васил Главинов“, средно во СОУ „Јовче Тесличков“, а високо образование завршив на дисперзираниот факултет во Велес при Универзитетот „СВ. Климент Охридски“ .

Вработен сум во автошкола Сигнал како инструктор за обука. Во слободно време сакам да планинарам, да возам велосипед, љубител сум и на спортското стрелаштво. Како хоби се занимавам со фотографија.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Ми пречи хаосот во кој живееме, сите неправди кои ни се случуваат секојдневно. За жал, имам и лично искуство и сум се соочил со неправдата од функционирањето на урбаната мафија, како и партиското вработување кое е јавна тајна во Велес и државата. Имено, во времето на средношколските денови бевме четири другари – браќа во вистинска смисла на зборот. По завршување на високото образование, кога дојде ред

да се вработиме, сите се соочивме со проблемот на „работа исклучиво со партиска книшка’’. Тројца од нив решија да ја напуштат Македонија во потрага по подобро место за живеење. Денес живеат спокојно во среден систем во Белгија, Шведска и Словенија.

Помислував и јас на моменти дека треба да заминам, но не сакав да го напушатам моето семејство и мојот роден град, особено не затоа што тоа ќе значеше отстапување пред неправдата и прифаќање на пораз од луѓе кои иако во моментот го контролираат системот, сепак не можат да ме поразат како човек, затоа што тоа никогаш нема да им го дозволам.

Затоа, решив дека мора да се вклучам во борбата која веќе беше почната од Левица и самиот да дадам придонес кон рушење на овој трул систем и градење на нов.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Сакам да го промениме целиот систем. Хаосот во кој секојдневно живееме мора да заврши! Време е компетенти, чесни и вредни луѓе да бидат победници на конкурсите за вработување, наместо луѓе со партиска книшка.

Мораме да застанеме на патот на криминалот и мафијата. Штетата која урбаната мафија ја предизвикува има неповратен ефект врз животната средина и урбаните зелени површини.

Велес повторно може да биде убав, зелен град, со повеќе места за деца и младинци каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време во дружење, спорт и рекреација. Мораме да водиме поголема грижа за старите и изнемоштени лица, кои сега се потполно заборавени. Велес во своето минато на импресивен начин ја промовираше културата и културните изрази и дефинитивно заслужува оформување на свој Центар за култура.

Но, пред да почнеме да создаваме било што, прво мора да ги запреме штетните политики на актуелната власт, без да дозволиме враќање на другото зло. Потребни се нови луѓе, за да видиме нови решенија. Не можеме да очекуваме дека со истите ликови во политка со децении, ќе добиеме значително нови решенија. Тие ликови се робови на сопствените навики на практикување непотизам, кронизам, клептократија, на местење на тендери, договарање на дилови зад затворени врати, криење на информации, манипулирање и лажење на јавноста. Матрицата на погрешно функционирање тешко е да се промени. Затоа ни треба нова матрица, која ќе ги постави доблестите и вистинските вредности како принцип на делување во политиката.

Време е за промени. Време е за Црвен Велес!

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Во луѓето во Левица видов жар за безусловна борба против криминалот и неправдите кои ни се случуваат на сите нас. Истиот жар за правда и ред го има и кај мене. Левица е единствената опција која се залага за изградба на општествено и државно уредување кое се темели на вредности со кои граѓаните, работниците и земјоделците, преку државата, ќе бидат креатори на развојот, економскиот просперитет и безбедноста, со воспоставување и градење на вредности како еднаквост, чесност, искреност и трудољубивост. Покажаа дека умеат да се борат со внатрешните окупатори на земјава и дека се искрени во намерите. Верувам дека заедно можеме да постигнеме повеќе, отколку секој посебно.

Мојата порака до народот

Драги велешани, време е да се стави крај на хаосот и да свртиме нова страница. Велес може повторно да биде убав, зелен, со чист воздух и чиста вода за пиење. Велес може повторно да има развиен спорт и повеќе културни манифестации. Време е да ставиме крај на партиските вработувања, да ставиме крај на урбаната мафија. Јас, заедно со Левица, ќе се борам за Велес повторно да биде поубаво место за живеење за сите кои останавме да живееме во него, без разлика на политичката, верската, националната или било која друга припадност.

Да не ги слушаме оние кои велат да не гласаме – тоа во систем во кој партиските полтрони на големите партии гласаат редовно, нема никава смисла и само ќе помогне истите луѓе да останат на власт уште долго.

Да не ги слушаме ниту истите лаги на вечните владетели на замјава, оти во нив нема ништо нови ниту вистинито – тоа го докажаа во многу прилики во овие 30 години.

Да гласаме мудро на овие избори, затоа што се клучни за почеток на промените кои ни се потребни. Потребни се борци кои покажале дека се непоткупливи. Тоа го имаме во Левица!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]