(Видео) „Бехтел и Енка“ ќе ја исцицаат потта на работниците – ние сме колонија на американскиот империјализам

апасиев собрание
  • Говор на претседателот на Левица, Димитар Апасиев од денешната собраниска седница за предлог-Законот за измени на Законот за работните односи.

Сакате да воведете корпоративна репресија во Републикава, односно да нѐ вратете два века назад во доменот на трудовото право. Имено, во самата Европска унија, со Директивата број 88/2003 се вели „просечно работно време за секој седумдневен период, вклучувајќи го и прекувременото работење, не смее да надминува 48 часа неделно”.

Вие се обидувате да воведете 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето кои ќе работат, ќе бидат физички исцедени и тие ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат. Уставот вели дека секој работник има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права работниците НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ.

Тоа значи, паѓа во вода оваа законска предлог-одлука за писмена согласност на работникот за да работи прекувремено. Токму поради тоа, државата треба секогаш да биде на страната на послабиот. Помеѓу силниот и слабиот, слободата е таа која угнетува, а законот е тој кој ослободува. Сега имаме ситуација, законот да ги поробува работниците, наместо да ги ослободува!

За ваквиот шверцерат, ќе одговара Претседателот на Собранието – Талат Џафери за кривично дело Несовесно работење во службата, по чл. 353В од Кривичниот Законик, кој вели: „службено или одговорно лице кое со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор, очигледно несовесно постапува.“

Оттука, Талат Џафери бил ДОЛЖЕН ваквиот документ, како нецелосен и лажен да го врати на предлагачот, меѓутоа тој не го сторил тоа, поради шверцератот за Коридорот 8, кој е „Коридор Илирида”. Поради тоа, кога ќе паднете од власт, ќе одговарате!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

17.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ