(Видео) Апасиев: Наместо да побарате стручно мислење од фелата, вие силеџиски ја свикавте седницата само да му угодите на Заев

Димитар Апасиев Комисија
Процедурално обраќање на пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев на Комисијата за политички систем, која силеџиски и противделовнички беше свикана за Предлог-законот за државјанства, кадешто ги објаснува сите правни прекршувања при носење на овој закон.
 
„Има повеќе правни прекршувања во Предлог-законот за државјанства, меѓу кои самиот закон ги дискриминира лицата кои цел живот живеат во Македонија, а немаат државјанство, додека ги фаворизира оние кои живеат надвор од државата и веќе имаат државјанство од друга држава.
 
Ова значи дека имаме ситуација кадешто деца кои се тука родени – од ромска националност, кои не можат да добијат државјанство и овој закон не го решава нивното прашање, туку дава државјанства на деца од Швајцарија, од Косово, од Албанија, од Турција, кои се иселени”

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ