(Видео) Апасиев: Ветото од Бугарија е директна последица од Преспанскиот договор, а за тоа е виновен Заев!

Димитар Апасиев Резолуција Бугарија

Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, во врска со Предлог-резолуцијата на ДПМНЕ за „црвените линии“ на македонските државни позиции:

„Ќе почнам во еден гандиевски дух, односно на вистината не ѝ е потребна јавната поддршка од корумпираните пратеници за да биде вистина, така што овие документи кои ние ги носиме се само симболични. Вистината е дека Македонци има, Македонци имало и Македонци ќе има, без оглед дали брливите политичари преговараат за тоа како ќе им се вика јазикот и како ќе им се вика државата.

Резолуцијата, барем за наш вкус e доста бенигна и пишувана, разбирливо, со дипломатски манири. Она што ми фали во оваа Резолуција е:

– Јасно отфрлање на објаснувачкиот Меморандум на Бугарската академија и бугарските пратеници;

Осуда на неоврховистичките позиции на бугарската влада;
Конечно отворање за македонското малцинство во Пиринска Македонија;

– Ставање на дневен ред на Македонската платформа како пандан на Тиранската платформа;

И оваа Резолуција би требало да се достави и до Европската Унија и нашите меѓународни партнери, а не само да се објави во Службен весник.
Меѓутоа, и оваа варијанта е прифатлива за нас и ние ќе ја гласаме, со надеж дека нашата дипломатија во иднина ќе биде поофанзивна, а не само дефанзивна во овие билатерални спорови.”

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ