Горан Велевски – носител на советничка листа во Општина Битола

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Горан Велевски 
носител на советничка листа во Општина Битола

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14593″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како човек кој секогаш гледа напред, со оптимистички поглед кон иднината. Спремен за позитивни промени. Сопруг и родител, и пред сѐ чесен човек, хуманитарец, со заложба за социјална еднаквост помеѓу граѓаните.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1990 година во Битола, градот на Конзулите, пајтоните, пурите, шеширите, кафето. Основното училиште го завршив во „Климент Охридски“, едно од најубавите училишта во градот. Желбата за напредна технологија ме мотивираше да се запишам во средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, каде што завршив како електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Студиите ги продолжив на Техничкиот факултет во Битола, а паралелно почнав да работам и во угостителство поради недоволно средства за егзистенција и понатамошни студии – како што мораа да прават многу мои колеги, заради финансиските проблеми на нашите семејства, наметнати од системот во рушење. По факултетот, мојата желба за технологија сѐ уште постоеше и поради тоа запишав 9 месечен курс за „Објектно ориентирано програмирање во „JAVA“ што успешно го завршив.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Како регистриран млад земјоделец, со 12 години искуство во угостителскиот сектор, од кои 6 години како менаџер на хотел, слободно можам да кажам дека ги познавам секојдневните проблеми на градот и луѓето во него, за кои постојат решенија, но без вистинските луѓе во Советот, со години не им доаѓа редот за имплементација.

Мотивација за вклучување во политиката

Ова се моите први залагања на политичката сцена во Македонија. Мотивот за активно вклучување во политиката е потребата за целосна промена на системот кој не обви во сиромаштија и беда. Секој ден живееме со мисла дали следниот ќе биде подобар, плашејќи се дека всушност шансите се поглеми да биде само полош.

Најголема причина за мое вклучување во политиката е спречувањето на иселувањето на нашите браќа, сестри, другари и пријатели. Сакам да ги задржиме тука или да се вратат, а тоа е возможно само доколку нашите градови и села ги направиме повторно да бидат пристојни места за живеење. Ако иднината велиме дека е во младите, а младите масовно си заминуваат, тогаш тоа значи дека наскоро ќе станеме земја без иднина, ако ништо не се промени.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Преку моето учество во Советот на Општина Битола, како член на Левица, сакам најпрво да ја вратам довербата на граѓаните во институциите кои моментално се окупирани од партиски ешалони од втор ред. Една од приоритетните работи која би ја променил и за која цврсто би се залагал, е чистиот воздух. Статистички, Битола е град со најмногу канцерогени заболувања поради манипулациите кои ни ги презентираа сите досегашни власти и лагите за реставрација на оџаците на РЕК Битола.

Со моето учество во Советот исто така, би сакал да придонесам за Битола повторно да прерасне во туристички атрактивен центар, особено во зимскиот период, каде падините на Баба планина и врвот Пелистер со скијачките центри, би претставувале сериозна туристичка понуда, и каде би доаѓале туристи и од соседните држави. Ова серизоно би го поттикнало и економскиот развој на градот.

Би инсистирал да се врати спортскиот дух во градот, преку заживување на спортови и спортски активности за младите. Моја цел е и да се запре дивеењето на урбаната мафија во планинските подрачја. Секако, би се заложил и за поттикнување на еднаквост, солидарност и сплотеност помеѓу луѓето. Левица, преку своите советници, ќе биде посветена за создавање на функционален совет, лојален кон градот и граѓаните.

Зошто се кандидирам преку Левица ?

Затоа што Левица е народна партија и за прв пат гласот на народот се слуша и од Собранието. Пред сѐ, поради храброста, искреноста и истрајноста, верувам дека луѓето од Левица ќе внесат свежина во општеството, институционален ред и поредок, ќе бидат коректор на власта, со намера да направат ревизија на политиките на сегашната и претходните власти и ќе учествуваат во создавање на општество во кое корумпираните и криминалците ќе бидат соодветно казнети, а украденото и нелегално стекнатото богатство ќе биде вратено кај неговиот вистински сопственик – народот.

Мојата порака до народот

Само со трпеливост, разумност и храброст можеме да го направиме чекорот кон подобра иднина. Ерата на корупцијата, лагите и манипулациите можат да завршат само со гласот на народот.

Глас за Левица е глас за народот!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]