ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ЦЕНТАР

DSC 5657 1

Александар Митров е роден на 21.09.1983 во Скопје, Општина Центар и оттогаш е жител на Општина Центар. Основно и средно образование завршил во училишта во општината, „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз – Тито“ а дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи при „ФОН Универзитет“ – Скопје.

Во моментот има професионални ангажмани како туристички водич на шпански и англиски јазик и како инструктор по Аргентинско танго. Има работно искуство во различни области почнувајќи од продажба, угостителство, финансиска институција за брз трансфер на пари, на проекти од областа на промоција и унапредување на работничките права, воведување на елетронски дневник во градинките во РМ и друго.

Основач е на Движењето за социјална правда „Ленка“ во 2008 од кога почнува неговиот поактивен политички ангажман. Тој е еден од предводниците и најистакнатите поединци на протестите против полициска бруталност во 2011 година. Еден е од основачите на Левица во 2016 година.