ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ГРАД СКОПЈЕ

15181291 1399275920112637 7681094417594222333 n

Марија Јонес (инаку Џонс, но преименувана поради правни недостатоци на системот на матична и пасошка евиденција). Родена во Скопје во 1968. Последнава деценија и пол работи како преведувач од македонски на англиски и од англиски на македонски јазик. Работела и како младински новинар за култура во „Млад Борец“ и „Студентски Збор“ и во помали радија во Скопје; како продавачка и готвачка во Скопје; како собарка, келнерка, продавачка на рекламен простор во финансиско списание во Лондон; како наставник по македонски јазик за странци и англиски јазик во Скопје и како наставник по англиски јазик за странци во Мароко, Унгарија и Велика Британија. Студирала драмска режија, право, компаративна книжевност, англиски јазик и ликовна уметност во Скопје и Лондон. Има четирнаесетгодишна ќерка.

Член е на Движењето за социјална правда „Ленка“ од почетокот на 2014 година и основач и член на Президиумот на Левица. Беше носителка на кандидатската листа на Левица во изборната единица бр. 3 на парламентарните избори 2016 година

Говорник на хонорарските протести, на големиот протест на 17 мај 2015 и пред УЈП за време на протестите во 2016 година. Неостварен член на синдикат.