Химна

 

ВО БОРБА, МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ
(химна на Левица)

Со векови окованa во пранги,
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги,
во бој последен борци влегоја.

Рефрен (x 2):
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!

Излеговме ни смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистка крв насекаде се лее.

Рефрен (x 2):
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!

Синови сме на нашта Татковина,
на илинденските наследници,
строиме живот, слобода, иднина,
за жени, деца, старци, младинци.

Рефрен (x 2):
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!